понедељак, 17. јун 2013.

Програма за развој на културата во Општина Пехчево за период од 2013 – 2017





Програма за развој на културата во Општина Пехчево за период од 2013 – 2017

Идеја и дизајн :  тим при ОУДК„Јане Сандански“-Пехчево
Менаџирање и продукција :    Градоначалник и Совет на Општина Пехчево                

Финансирање :  
Влада на Р.Македонија
Министерство за Култура на Р.Македонија
Буџет на Општина Пехчево Буџет на ДК „Јане Сандански“ – Пехчево
Приватни инвестициски фондови на домашни и странски правни субјекти


Проекти со минлив/менлив и забавен карактер

Проект : поддршка на фестивал за дувачки оркестри
Опис на проектот : Општината ќе обезбеди финансиска поддржка за организирање фестивал на дувачки оркестри со домашни и странски гости , како и негова соодветна промоција . Во реализација на проектот ќе ги вклучиме и граѓанските здруженија заради поголем опфат на промотивните активности .
Средства : 400 000 денари
Извор на финансирање : Буџет на Општината

Проект : поддршка за организација на „ Пехчевски Павловден “
Опис на проектот : проектот предвидува поддршка за организација на традиционален етносаем , односно изложба на локални производи како и организирање вечерен традиционален концерт.
Средства : 500 000 денари
Извор на финансирање : Буџетот на Општината

Проект : поддршка на работата на играорната група при
                 ДК „ Јане Сандански’’ Пехчево
Опис на проектот : целогодишна активност на групата , организирање на претстави на локално ниво , нејзина презентација во земјата и надвор од неа .
Средства : 120 000 денари
Извор на финансирање : Министерство за Култура ( блок дотација )
                                                       Буџет на ДК „ Јане Сандански “ – Пехчево

Проект : меѓународна културна соработка
Опис на проектот : проектот ќе овозможи создавање услови за културна соработка , размена и промоција на фолклорната традиција од нашите простори во странство преку настапи на културно – уметничкото друштво при ДК „ Јане сандански “ – Пехчево , како и други состави и групи од Општина Пехчево .
Средства : 500 000 денари
Извор на финансирање : Буџет на Општината 

понедељак, 20. мај 2013.

Информации од увид на локации од шумскиот парк Равна река



Информации од увид на локации од шумскиот парк 
„ Равна река “

Фактичка состојба од увид на лице место извршена од Страшо Андоновски и Звонко Каракашевски


Локалитет : Горска порта „ Конар “
Поправка на капија . Заштита со садолин на капија и летниковец .Хорти културно уредувуње и чистење
Нова инвестиција : Довод на вода и изработка на чешма .


Локалитет : „ Ферчов кладенец “
Хорти културно уредување и чистење.Садолинска заштита на летниковец , маса и клупи .
Нова инвестиција : Надворешна подлога за постојната маса и клупи и изработка на две нови маси и четири  клупи .



Локалитет : „ Спиковски водопади “
Хорти културно уредување и чистење . Поправка на постојните патеки , басамаци и ракофати . Поправка и уредување на местата за одмор . Поправка на постојниот летниковец .
Нова инвестиција : Камено – бетонска основа на постојниот летниковец на почетокот на водопадите .



Локалитет : „ Црндолски водопади “
Хорти културно уредување и чистење . Поправка на постојните патеки ,басамаци , и ракофати .Садолинска заштита на постојниот летниковец ,маса и клупи .
 Нова инвестиција : Трајно зафаќање и изработка на две чешми .Надворешна бетонско-камена основа за постојните маси и клупи . Изработка на две маси и четири клупи во постојниот летниковец . Изработка на две клупи кај чешмите и една кај самиот водопад . Бетонско – камена основа на постојниот летниковец на почетокот на водопадите . Дислокација на вецето кај капијата на почетокот на водопадите . Осмислување и реализирање на други придружни содржини.


Локалитет : „ Равна река “
Хорти културно уредување и чистење . Поправка на постоечките клупи и маси и нивна садолинска заштита .Поправка и садолинска заштита на детските кули .Поправка на постоечките огништа .Санација на санитарниот чвор .Садолинска заштита на оградата и капиите .
 Нова инвестиција : Камено-бетонска основа на постојниот летниковец . Изградба на нов летниковец  поставен на темелите и ѕидовите на стариот магацин . Хорти културно уредување на неговата околина .


Локалитет : „ Требоморски слив “
 Хорти културно уредување и чистење .
Нова инвестиција : изработка и поставување на една маса и две клупи .



Локалитет : „ Дебел рид “
 Хорти културно уредување и чистење .Поправка на патеки , басамаци и ракофати .Санација на мостови и огради . Поправка на чешми и веце .
 Нова инвестиција : изработка и поставување на маси и клупи на три локации .


Локалитет : Летниковец „ Скокото “
Хорти културно уредување и чистење.Садолинска заштита на летниковец и вецето .Рехабилитација на захфатот на постоечката чешма .
Нова инвестиција : камено – бетонска основа на постоечкиот летниковец .

Локалитет : „ Лутачки – Жтачки водопади “
 Хорти културно уредување и чистење . Поправка на постоечките клупи и маси .
Нова инвестиција : Изработка и поставување на една маса и две клупи

 
Нова инвестиција : За сите локалитети е потребно изработка и поставување на соодветни и адаптабилни на просторот корпи за отпадоци .

Информацијата ја изработил Директорот на Домот на Културата „ Јане Сандански “ – Пехчево
Страшо Андоновски и е доставена до градоначалникот на Општина Пехчево г-ин Игор Поповски .
Со почит :
  Страшо Андоновски
         Пехчево                                                                                                                                                                                                                                                                       20 мај 2013 година






уторак, 7. мај 2013.

Велигденски концерт , 2013 година


На Велигден 2013 година , ОУДК “ Јане Сандански “ - Пехчево , одржа концерт

 













































































































































концерт .

петак, 26. април 2013.

Лична карта на домот


Дом на Култура „ Јане Сандански “ Пехчево    Р. Македонија


Лична карта на домот :

Домот на културата „Јане Сандански“  Пехчево , постои од 17.03.1975 година , а е создаден да ги : менаџира , артикулира и организира случувањата во областа на културата на територија на Општина Пехчево .

Домот на културата „Јане Сандански“ Пехчево од 01.07.2005 година според Законот за Култура има статут на локална установа .

Седиште на Домот на Културата е градот Пехчево , најисточна градска населба во некогашна СФР Југославија , а денес во Р.Македонија , на идеални 1000 метри надморска височина .

ДК „Јане Сандански“ е културна институција финансирана од буџетот на Министерство за Култура на Р.Македонија , отворена за соработка со сите институции од областа на : културата , образованието , и науката ,НВО – секторот како и сите други , правни , државни и приватни меѓународни субјекти .

Контакти :

ОУДК „ Јане Сандански “ Пехчево ул.Маршал Тито бб , 2326 Пехчево , Р.Македонија

Тел. ++ 389 (0)33 441-128            моб. 00 389 (0)71 398-923

e-mail : dksandanski@yahoo.com

Лице за контакти : Страшо Андоновски – актуелен директор на ОУДК „ Јане Сандански “ Пехчево.