понедељак, 17. јун 2013.

Програма за развој на културата во Општина Пехчево за период од 2013 – 2017





Програма за развој на културата во Општина Пехчево за период од 2013 – 2017

Идеја и дизајн :  тим при ОУДК„Јане Сандански“-Пехчево
Менаџирање и продукција :    Градоначалник и Совет на Општина Пехчево                

Финансирање :  
Влада на Р.Македонија
Министерство за Култура на Р.Македонија
Буџет на Општина Пехчево Буџет на ДК „Јане Сандански“ – Пехчево
Приватни инвестициски фондови на домашни и странски правни субјекти


Проекти со минлив/менлив и забавен карактер

Проект : поддршка на фестивал за дувачки оркестри
Опис на проектот : Општината ќе обезбеди финансиска поддржка за организирање фестивал на дувачки оркестри со домашни и странски гости , како и негова соодветна промоција . Во реализација на проектот ќе ги вклучиме и граѓанските здруженија заради поголем опфат на промотивните активности .
Средства : 400 000 денари
Извор на финансирање : Буџет на Општината

Проект : поддршка за организација на „ Пехчевски Павловден “
Опис на проектот : проектот предвидува поддршка за организација на традиционален етносаем , односно изложба на локални производи како и организирање вечерен традиционален концерт.
Средства : 500 000 денари
Извор на финансирање : Буџетот на Општината

Проект : поддршка на работата на играорната група при
                 ДК „ Јане Сандански’’ Пехчево
Опис на проектот : целогодишна активност на групата , организирање на претстави на локално ниво , нејзина презентација во земјата и надвор од неа .
Средства : 120 000 денари
Извор на финансирање : Министерство за Култура ( блок дотација )
                                                       Буџет на ДК „ Јане Сандански “ – Пехчево

Проект : меѓународна културна соработка
Опис на проектот : проектот ќе овозможи создавање услови за културна соработка , размена и промоција на фолклорната традиција од нашите простори во странство преку настапи на културно – уметничкото друштво при ДК „ Јане сандански “ – Пехчево , како и други состави и групи од Општина Пехчево .
Средства : 500 000 денари
Извор на финансирање : Буџет на Општината