Женската играорна група и народниот оркестар при ДК „ Јане Сандански “ Пехчево од 20 до 22 јуни 2014 година учествуваа на меѓународниот фестивал „ Еделвајсите на Бугарија “ во град Банско , Р.Бугарија .
Играорното друштво беше номинирано во две натпреварувачки категории :
Прва категорија : народно пеење - дует
Втора категорија : народни ора - кореографија
Во првата категорија со песната „ Шеќерна “ настапи дуетот Маринела Секуловска и Маја Пандова и го освоија второто место .
Во категоријата народни ора настапи играорната група со три ора , а со орото „ Водарки “ и во силна конкуренција го освои првото место и се закити со златен медал .
Во трите дена на престојот во Банско нашите членови се дружеа со бројните гости од Руската Федерација и Бугарија , и остварија бројни конаткти .
Раководството на ДК „ Јане Сандански “ Пехчево беше предводено од директорот Страшо Андоновски , музичкиот педгог Александар Парасков и кореографот Ивана Вучкова .