понедељак, 17. јун 2013.

Програма за развој на културата во Општина Пехчево за период од 2013 – 2017





Програма за развој на културата во Општина Пехчево за период од 2013 – 2017

Идеја и дизајн :  тим при ОУДК„Јане Сандански“-Пехчево
Менаџирање и продукција :    Градоначалник и Совет на Општина Пехчево                

Финансирање :  
Влада на Р.Македонија
Министерство за Култура на Р.Македонија
Буџет на Општина Пехчево Буџет на ДК „Јане Сандански“ – Пехчево
Приватни инвестициски фондови на домашни и странски правни субјекти


Проекти со минлив/менлив и забавен карактер

Проект : поддршка на фестивал за дувачки оркестри
Опис на проектот : Општината ќе обезбеди финансиска поддржка за организирање фестивал на дувачки оркестри со домашни и странски гости , како и негова соодветна промоција . Во реализација на проектот ќе ги вклучиме и граѓанските здруженија заради поголем опфат на промотивните активности .
Средства : 400 000 денари
Извор на финансирање : Буџет на Општината

Проект : поддршка за организација на „ Пехчевски Павловден “
Опис на проектот : проектот предвидува поддршка за организација на традиционален етносаем , односно изложба на локални производи како и организирање вечерен традиционален концерт.
Средства : 500 000 денари
Извор на финансирање : Буџетот на Општината

Проект : поддршка на работата на играорната група при
                 ДК „ Јане Сандански’’ Пехчево
Опис на проектот : целогодишна активност на групата , организирање на претстави на локално ниво , нејзина презентација во земјата и надвор од неа .
Средства : 120 000 денари
Извор на финансирање : Министерство за Култура ( блок дотација )
                                                       Буџет на ДК „ Јане Сандански “ – Пехчево

Проект : меѓународна културна соработка
Опис на проектот : проектот ќе овозможи создавање услови за културна соработка , размена и промоција на фолклорната традиција од нашите простори во странство преку настапи на културно – уметничкото друштво при ДК „ Јане сандански “ – Пехчево , како и други состави и групи од Општина Пехчево .
Средства : 500 000 денари
Извор на финансирање : Буџет на Општината 


Проекти од трајни вредности

Проект : креирање на уметнички инсталации
Опис на проектот : Проектирање и поставување на уметничка инсталација на влезот во Пехчево ,пред булеварскиот зелен простор.Уникатна уметничка творба како препознатлив симбол на една урбана градска населба .                     
Рехабилитација на фонтаната „ Стомна “ во центарот на Пехчево .
Средства : _____________   денари       
Извор на финансирање : Министерство за Култура и Општина Пехчево

Проект : традиционална македонска етно куќа    
Опис на проектот : Откуп и адаптирање на веќе постоечка градба во традиционална македонска етно куќа . Собите во куќата ќе бидат содржински исполнети со етно елементи од секојдневниот живот на нашите стари фамилии . Ќе се доградат екстериерни градежни работи ( дворни ѕидови , влезни капии , бунар , фурна и др. ) како дополнување и заокружување на целокупниот проект – македонска етно куќа .
Средства : ____________    денари  
Извор на финансирање : Министерство за Култура и Општина Пехчево

Проект : мултимедиален проект – стара пехчевска Казарма       
Опис на проектот : Ставање под заштита на државата на единствениот , архитектонски вреден објект , од колонијалниот период , зачуван на територијата на Општина Пехчево . Откуп на објектот од моменталниот сопственик и давање на располагање на Општина Пехчево . Негова комплетна реконструкција и ставање во функција на повеќе наменски активности . Издавање под наем на пократок и подолг временски период на државни , општински и други институции , како и на правни субјекти за користење на парцијални делови од објектот .
Срества : _______________  денари
Извор на финансирање : Влада на Р.Македонија -  Министерство за Култура . Буџет на Општина Пехчево . Приватни инвестициски фондови на домашни и странски правни субјекти .

Проект : Мултимедиален проект – Противпожарен дом
Опис на проектот : Комплетна градежна реконструкција на старата зграда на против пожарниот дом и негово ставање во функција на потребите на граѓаните на Општина Пехчево . Негово редизајнирање и доградување како и хортикултурно уредување на неговата околина .
Средста : ________________ денари
Извор на финансирање : Влада на Р.Македонија – Министерство за Култура. Буџет на Општина Пехчево . Приватни инвестициски фондови на домашни и странски правни субјекти .

Проект : Дом на Културата „ Јане Сандански “ Пехчево
Опис на проектот : Реконструкција на внатрешни простории во домот на културата . Реконструкција и монтажа на седишта ( обезбедени ) на балконот во киното на домот . Реконструкција на предната јужна фасада и главниот влез  на домот на културата .
Средста:  ___________________ денари
Извор на финансирање : Буџет на Општина Пехчево . Буџет на ДК „ Јане Сандански “ Пехчево

Проект : Пехчевска грнчарско – керамичка колонија
Опис на проектот : Проектирање и воспоставување на трајна грнчарско – керамичка колонија . Во духот на богатата грнчарска традиција , а како пандан на ресенската керамичка колонија „ во западниот дел на Македонија “ ќе се втемели постојана уметничка колонија единствена во источниот дел на Македонија . За потребите на колонијата и уметниците – учесници ќе се адаптираат простории во старата пехчевска Каразма , во стариот противпожарен дом или во некој друг соодветен простор .
Средства : ______________ денари
Извор на финансирање : Министерство за Култура и Буџет на Општина Пехчево .


Почитувани граѓани .
Со реализација на овие идејни проекти , а со помош на наведените државни субјекти и на ангажираноста на политичките и културните чинители во општината , како и на целокупното граѓанство ,  а и со Бога напред ,  ќе биде постигнат предуслов за излез од летаргичноста и анонимноста во која децении наназад се наоѓа Општина Пехчево.
Идејните проекти се доста амбициозни но не и неостварливи .



Со почит !
   
1 април 2013 година                                                                  
 ОУДК „ Јане Сандански ’’ – Пехчево
                                                                                                           
  Директор
 Страшо Андоновски



                                                                                              

 






          

Нема коментара: